Парис Хилтон предизвика зачуденост откако сподели благо кажано интересен, а според некои, и одвратен „лајф хек“. Имено, 44-годишната Парис објави видео на ТикТок во кое покажа како се ослободува од вишокот маснотии на пицата.
Додека повеќето луѓе веројатно би користеле салфетка, Парис фрли парче пица врз надворешната страна на картонската кутија во која беше доставена пицата. Потоа посилно го притисна парчето врз кутијата и кратко рече: „Тоа е мојот трик!“
„Кутиите се валкани“
Кога Париз го зеде парчето, како што се очекуваше, на кутијата имаше голема триаголна мрсна дамка (изненадувачки, без никаков сос или додатоци). Потоа повторно го фрли парчето врз кутијата, притискајќи го повторно за да се ослободи од преостанатата маснотија. Задоволна од резултатот, Хилтон го зграпчи парчето пица и почна да јаде.
Watch on TikTok
Многу интернет корисници беа доста згрозени од овој „трик“. „Девојко, кутиите се валкани“, напиша еден ТикТок корисник. „НА НАДВОРЕШНИОТ ДЕЛ од кутијата?? Жено, употреби ја внатрешната страна“, рече друг, додека третиот ѝ предложи: „Или едноставно употреби хартиена крпа и отстрани ја маснотијата со неа.“
„Немала салфетка?“
„На на надворешната страна од кутијата? Колку луѓе ја допреле кутијата ПРЕД да ја ставиш пицата врз неа? Сите тие места и раце… О, боже“, напиша еден корисник на Инстаграм.
„Таа кутија поминала низ фабрики, раце, подови од автомобили и друго“, истакна друг, додека еден корисник лице хумористично коментираше: „Наследничката на Хилтон хотели немала салфетка?“
Секако, постои и можност Парис едноставно да се шегувала и да се сеќавала на трикови од нејзината стара емисија „The Simple Life“ – на крајот на краиштата, таа еднаш правела топено сирење со помош на пегла. Како и да е, овој пат луѓето се навистина згрозени.