Иако "Xiaomi SU7" беше прогласен за електрична лимузина со најлош квалитет во Кина, продажбата руши рекорди.
Производителот на паметни телефони "Xiaomi" агресивно влезе во автомобилската индустрија и за кратко време постигна огромен успех — во Кина веќе се продадени 100.000 примероци од моделот "SU7".
Сепак, новите извештаи претставуваат сериозен удар врз угледот на компанијата.
Имено, "SU7" е оценет како автомобил со најлош квалитет меѓу сите електрични лимузини што се продаваат во Кина.
Според државната платформа за поплаки „China Automobile Quality Network“, "Xiaomi SU7" се најде на последното место на листата, со вкупно 239 казнени поени, пренесува "CarNewsChina".
Во образложението се наведува дека автомобилот има висок ризик од дефекти и голем број поплаки од корисници.
На врвот на листата според квалитет се наоѓаат моделите "GAC Hyptec GT" и "Voyah Passion", додека третото место го зазема "Avatr 12".
И покрај лошите оценки, "Xiaomi" не запира. Веќе во четврток планира да го претстави својот нов електричен "SUV" — моделот "YU7", кој треба директно да му конкурира на "Tesla Model Y", пренесува "B92".
Останува прашањето — дали новите возила ќе понудат подобар квалитет?