[ВИДЕО] "Google" ги претстави новите паметни очила со подобрувања од "Gemini AI"

Супермен

23/05/2025

13:04

247

Големина на фонт

а а а

Паметните очила на "Google" вградуваат функции со вештачка интелигенција и овозможуваат превод на странски јазици во живо.

"Google" ја претстави најновата верзија на своите паметни очила, развиени во партнерство со "Samsung", како и со компаниите "Warby Parker" и "Gentle Monster".

Очилата, кои се базирани на "Android XR" и се интегрирани со "Gemini AI", можат да се поврзат и синхронизираат со паметни телефони за пристап до апликации. Тие се опремени со звучници и изборен екран вграден во леќата за приватен преглед на информации.

Судејќи по досега прикажаното, "Google" сериозно пристапува кон овој проект – далеку посериозно од претходниот "Google Glass" – и затоа вложи 150 милиони долари во договорот со "Warby Parker".


Исто така беше прикажано како "Gemini" асистентот би можел да функционира во комбинација со "XR" очилата, како дел од новиот технолошки пакет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk