Германскиот супермодел Хајди Клум сподели видео од својот 16 години помлад сопруг како работи „тешка“ работа. Имено, на видеото на кое е со Том Каулиц тој ѝ го масира задникот додека таа се сонча во бикини.
Видеото предизвика хаос на социјалните мрежи, а многумина оставија урнебесни коментари:
„Го ангажираше сопругот да ѝ го масира задникот“, „Ах, каква работа“, „Би сакал да го сменам местото со него“.
Под објавата на нејзиниот Инстаграм профил, 51-годишната Хајди напиша: „Среќна“.
Хајди Клум и Каулиц почнаа да се забавуваат во 2018 година, неколку години откако таа се разведе од Сил, со кого има четири деца: Лени (20), Хенри (19), Јохан (18) и Лу (15).