Една од најубавите фудбалерки на светот заблеска на легендарната Ф1 трка: „Ми беше првпат. И беше посебно“

Точка

28/05/2025

10:17

9.920

Големина на фонт

а а а

Ана Марија Марковиќ, една од најубавите фудбалерки на светот, блесна на Гран При трката во Монако! Нејзината објава на Инстаграм ги воодушеви следбениците, откако се појави во атрактивна модна комбинација.

Познатата хрватска фудбалерка Ана Марија Марковиќ (25), која многумина ја нарекуваат најубавата фудбалерка во светот, повторно ги воодушеви своите над три милиони следбеници на Инстаграм. Овојпат таа го замени фудбалскиот терен со октанскиот спектакл, споделувајќи дел од атмосферата од Формула 1 Гран При трката во Монако, која се одржа минатиот викенд. Хрватската напаѓачка, која моментално настапува за португалскиот клуб Дамајенсе, објави серија фотографии и впечатоци од овој гламурозен настан.


„Какво искуство. Имав можност да присуствувам на Гран При во Монако. Првпат на Ф1 трка. И повторно, спортот ме освои. Да се биде таму во живо беше навистина единствено и различно. Монако, навистина си посебен“, напиша Ана Марија.


Нејзините следбеници не го криеја воодушевувањето. Објавата брзо собра голем број лајкови, а коментарите беа преполни со срца и „огнени“ емотикони. Мнозина ѝ упатија комплименти за изгледот и за ентузијазмот што го сподели.


Ана Марија, родена сплиќанка која на 12-годишна возраст се преселила во Швајцарија, успешно ја гради и својата меѓународна кариера настапувајќи за хрватската репрезентација. Нејзината посета на Монако уште еднаш го потврди нејзиниот статус не само како успешна спортистка, туку и како инфлуенсерка која привлекува внимание каде и да се појави, вешто балансирајќи меѓу спортските обврски и гламурозните настани.