Бен Афлек го подготви најлошото понижување за Џеј Ло – за ваков „удар“ никој не бил подготвен

Точка

10/06/2025

09:35

2.177

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез се соочува со бран на јавно понижување откако се појавиле шокантни наводи дека Бен Афлек наводно е подготвен да потроши милиони за целосно да ја отстрани од својот живот и тоа на симболичен и јавен начин.

Извори блиски до парот твдат дека Афлек презема одлучни чекори за да се дистанцира од Џеј Ло, емотивно, финансиски, па дури и правно.

Тој наводно сака да ја отстрани и последната работа која го поврзува со поранешната сопруга Џенифер Лопез и тоа со продажба на заедничката куќа.


Некогашниот пар, во врска беше и на почетокот на 2000, а романсата ја обнови во 2021 година и се венчаше наредната.

Сепак, после две години брак, следело уште едно раскинување, а нивниот развод бил финализиран на почеток на 2024 година. Сека, како што наведуваат изворите, Афлек е подготвен да претрпи милионски загуби за дефинитивно да ги прекине врските со Лопез.

Актерот е подготвен да ја продаде куќата под нејзината вредност, само за да ја заврши приказната со Џеј Ло. Според новите наводи, актерот сака што побрзо да заврши со куќата во Беверли Хилс која ја купиле заедно со Џеј Ло, додека биле во брак.

Вилата е ставена на продажба од минатата година.


„Тој само сака куќата да се продаде. Тоа е последната работа која некако ги поврзува“, објаснил инсајдер.

Исто така се наведува дека Афлек е свесен дека Џенифер без оглед на разводот, на некој начин засекогаш ќе биде дел од неговиот живот, пред сѐ поради нивните деца, кои како што се наведува, останале блиски.

Џенифер има близнаци од бракот со Марк Ентони, додека пак Бен има три деца со поранешната сопруга Џенифер Гарнер.

„За Бен и Џенифер, таа куќа е последниот симбол на нивниот брак“, изјавил изворот, додавајќи дека актерот сега само сака тоа поглавје да биде затворено.