Славната пејачка проговори за борбата со канцер на дојка: „Имам панични напади, вчера ми беше најтешкиот ден“

Точка

10/06/2025

13:23

994

Големина на фонт

а а а

Британската поп ѕвезда Џеси Џеј, која неодамна соопшти дека боледува од канцер на дојка во рана фаза, со фановите споделила емотивна објава за најтешкиот ден во текот на досегашното лекување.

Пејачката која има 37 години, месецов откри дека ѝ е дијагностициран канцер на дојка после долг период на бројни прегледи. Од тогаш, редовно ги информира своите фанови на Инстаграм за својата состојба, вклучувајќи ги и оние тешки моменти.

„Работа, дете, канцер... Во животот ми беше премногу“

„Вчера го имав најлошиот ден досега откако ја дознав дијагнозата и воедно најтешките три месеци во последните неколку години“, напишала Џеси.

„Работа, дете, канцер. Животот и сѐ останато... Умот ми беше преплавен. Имав панични напади, солзи, големи стравови, бес, преплавеност. Баш лошо“.


Како ѝ помогнала пченката?

Сепак, додала дека во текот на тие моменти пронашла едноставен начин да го смени расположението.

„Знаете ли што ми помогна? Изедов пченка. Се докажа дека е тешко да паничите и да јадете истовремено. Топло препорачувам. Моментална промена на расположението“.

„Нема да поттикнувам страв и тага“

Џеси потоа им порачала на своите следбеници дека е многу важно да се прифати чувството на страв, бес, тага и паника.

„Поттикнувањето на тие емоции нема да го сопрам. Тоа важи за било која тешка ситуација во животот. Кога вчера ја споделив својата објава за тоа низ што поминувам, со малку шега, тоа беше еден ден во последните десет седмици кога „пукнав“ и целосно се препуштив на сите негативни емоции кои доаѓаат при борбата со канцерот. Што, по мое мислење е здраво и потребно“.

Нема да ги игнорира оние 10 отсто лоши моменти

Таа открила дека на објавата добила бројни пораки како поддршка во кои пријателите ја советувале да не мисли негативно и дека мора да остане јака.


„Не велам дека тие пораки не се испратени со добра намера и љубов“, додала пејачката. Но, ме наведоа да размислам колку е интересно тоа што секој од нас различно ги доживува работите и што значи да бидеш јак.

Секогаш се залагав за искреност. Мораме да ги признаеме своите чувства за да можеме да се излекуваме. Затоа сакам да плачам. Сакам да бидам уплашена. Сакам да паничам. Сакам да го почувствувам сето тоа, на минута или цел ден.

А, потоа ќе јадам пченка, ќе слушам песна која ми се допаѓа, ќе се насмеам со пријателите. И, потоа ќе бидам мајка, ќе одам на работа и ќе бидам она што сум 90 отсто од времето, силна, бестрашна, здрава и ќе се пошегувам на своја сметка.

Сепак, нема да ги занемарам оние 10 отсто страв и тага“.