Манчестер Сити летово ќе ангажира повеќе нови фудбалери, но прави целосна реконструкција и на стручниот штаб предводен од Пеп Гвардиола.
Дури тројца асистенти на Шпанецот го напуштија клубот по крајот на сезоната, а денеска стана јасно дека нови соработници на Гвардиола ќе му бидат познати имиња на англиската фудбалска сцена.
Прв асистент ќе му биде Пеп Лијндерс, холандскиот стручњак кој му беше помошник на Јирген Клоп, а во меѓувреме имаше кратка индивидуална етапа како тренер на РБ Салцбург.
Претходно, од Сити заминаа Хуанма Лилјо и Ињиго Домингез чии договори истекоа, додека Карлос Висенс ја презема Брага.