Шпанија загуби на пенали во финалето на Лигата на нации, а поранешниот репрезентативец Гути ги коментирал случувањата на мини турнирот во популарната емисија „Ел Чирингито“.
Гути ги анализирал случувањата на натпреварите на „црвената фурија“, но решил да го критикува Ламин Јамал поради еден потег направен во пресрет на финалето со Португалија.
Ѕвездата на Барселона се појавила на прес-конференција со капа свртена наопаку, нешто што очигледно го изиритирало Гути.
– Не ми се допаѓа што Ламин се појави со капа свртена наопаку на официјална прес-конференција. Може да прави што сака во приватниот живот, но не и во клубот и репрезентацијата.
– Мислам дека ова е првпат да видам фудбалер со таков детаљ, воопшто не ми се допадна затоа што ја претставува шпанската репрезентација. Така може да се однесува кога ќе оди на Ибица.
– Сепак тоа не е негова вина, туку вина на луѓето што се околу него и не му кажале дека не смее да го прави тоа, – рекол Гути.