Легендарната пејачка Маја Оџаклиевска евоцирала спомени во една емисија и открила досега непознати детали за кои никогаш порано јавно не зборувала.
Маја Оџаклиевска открила дека порано била во врска со познатиот рокер Бора Ѓоргевиќ, познат и како Бора Чорба.
„Се забавувавме! Јас во тоа време бев на Белградска пролет. Беше добар како добар ден! Прекрасен човек, смирен, пристоен, талентиран“, рекла Оџаклиевска во емисијата на К1, на што веднаш се надоврзала Сузана Манчиќ: „Беше убав како кукла“.
Маја Оџаклиевска открила дека верува оти Бора ѝ посветил еден стих од песната „Два динара, друже“, и токму оној што гласи:
„Коска во грлото, колку чини кога плачам внатре…“, рекла таа во емисијата на телевизијата К1.
За оваа љубов претходно зборуваше и пејачката Маја Николиќ, која тогаш ги откри деталите:
„Маја, прости ми што сега ќе ја кажам оваа тајна што трае повеќе од 50 години. Маја Оџаклиевска беше негова голема љубов кога беа многу млади, тој онака висок и згоден, а таа со своите 1,55, беа совршен пар. Сè беше преполно со емоции и љубов меѓу нив двајца. Тој ѝ ја посвети песната 'Неке су жене пратиле војнике'“, рекла Николиќ тогаш.
Меѓутоа, Оџаклиевска подоцна ги коментирала овие наводи и истакнала дека тоа нема никаква врска со вистината. „Јас да бев голема љубов Бора Ѓорѓевиќ, досега ќе го знаевте тоа. Немојте да се занесувате со изјавите на Маја Николиќ. Тоа е мојот коментар“, изјавила пејачката за Информер своевремено, но сега одлучила да признае сè.