Реал го претстави новиот дефанзивец: Ова што ми се случува е остварување на сонот

Дерби

10/06/2025

14:38

907

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид денеска официјално го претстави својот нов стопер, 20-годишниот Дин Хујсен, кој денеска првпат позираше со дресот со број 24.

Шпанскиот репрезентативец дојде од Борнмут за сума од 58 милиони евра и потпиша петгодишен договор, со што за само неколку години смени дури три клубови.

Хујсен има холандско потекло, од 5-годишна возраст живеел во Малага, а потоа и се приклучи на младинската академија на Јувентус.

Не доби вистинска шанса во италијанскиот тим, кој минатото лето го продаде во Борнмут, а премиерлигашот профитираше од потенцијалот на талентираниот играч кој ги воодушеви Флорентино Перез и неговите соработници.

– За мене, дебито во шпанската репрезентација и потписот за Реал Мадрид е остварување на сонот. Сакам да освојам многу трофеи и тука сум да му помогнам на тимот заеднички да стигнеме до посакуваните успеси, – изјавил Хујсен.