[ФОТО] Само 10 луѓе можат да го купат најновиот „Aston Martin“

Супермен

10/06/2025

18:29

454

Големина на фонт

а а а

„Aston Martin“ им овозможува на богатите љубители да поседуваат болид од Ле Ман.

Речиси идентичен со хиперавтомобилот од Ле Ман, овој болид само десет среќници ќе имаат можност да го возат, и тоа исклучиво на патеките на Формула 1. Веста доаѓа само неколку дена откако „Porsche“ ја претстави патната верзија на хиперавтомобилот 963 од Ле Ман.


Станува збор за подобрена верзија на болидот што настапи во Ле Ман, а производителот најави серија од десет примероци. Доволно е да се каже дека овој автомобил издржува странични сили (забрзување) до 3,5 g, а при кочење станува збор за неверојатни 2,5 g негативно забрзување.


„Valkyrie LM“ го задржува атмосферскиот мотор „Cosworth“ 6.5 V12. Во согласност со регулативите, неговата моќност е намалена од 1.000 на околу 700 коњски сили, но со оглед на масата од 1.030 кг, сè уште се работи за незапирлив болид. Податоците не се познати, но максималната брзина изнесува 338 км/ч.


Вреди да се спомене дека овие автомобили немаат електроника што мора да ја има тркачки автомобил, а отстранет е и баластот. Сè уште е едносед со централна позиција и карбонско седиште, како и вистински волан од Формула 1. Новитет е и вградувањето на поголем резервоар за гориво. Сè останато е како кај тркачкиот болид, вклучувајќи ги и тркачките гуми на „Pirelli“.


Првите испораки почнуваат следната година, а цената не е позната. Имајте предвид дека стандардниот „Valkyrie“ чини околу 3 милиони евра. И да, многу е веројатно дека сите примероци веќе се продадени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk