[ФОТО] Брижит Макрон ја посети „најтажната принцеза“ и сите се „крстат“ што облекла за дипломатската посета: „Немаше ли нешто посоодветно?“

Точка

10/06/2025

18:50

3.830

Големина на фонт

а а а

Првата дама на Франција Брижит Макрон и принцезата Шарлин од Монако присуствуваа на демонстрација „Безбедност на вода“ за време на посетата на Наутичкиот центар „Алберт II“, како дел од настанот организиран од Фондацијата на принцезата Шарлин во Монако.

За оваа прилика, Брижит Макрон и принцезата Шарлин избрале сосема различни модни комбинации, но заеднички моден именител им биле обувките со рамен ѓон – сосема соодветно за ваков вид настан. Сепак, многумина биле изненадени.

Принцезата Шарлин пристигна на базенот во фустан од швајцарската модна куќа „Akris“. Креацијата без ракави, со црно-бели линии, во горниот дел ја следи линијата на телото, додека долниот дел е сукња во А-крој, до половина листови. Изработена е од материјал со дупчиња, што дополнително го истакнува летниот карактер на моделот. Со фустанот, принцезата носела крем балетанки од лак кожа со златна тока на предниот дел.


Брижит Макрон, пак, останала верна на својот препознатлив стил и се појавила во костум. Се одлучила за сако и панталони во нијанса на путер-жолта – една од најпопуларните бои на сезоната. Под сакото носела класична бела кошула.


Што се однесува до обувките, нејзиниот избор биле патики од брендот „No Name“, во комбинација од беж и бела боја. Удобен избор што ќе им се допадне на многу дами, исто како и балетанките на принцезата Шарлин.


Првата дама на Франција и „најтажната европска принцеза“, како што ја нарекуваат медиумите, имаат веќе неколку заеднички посети, а кога станува збор за модата, останале верни на својот препознатлив стил, што го потврдуваат и последните фотографии на кои Брижит Макрон носи сив костум и патики, а сопругата на принцот Алберт – цветен фустан и крем балетанки.


Сопругата на претседателот Емануел Макрон избрала несоодветни обувки за време на државната посета на Монако, констатирал Флоријан Филипо, лидер на партијата Француски патриоти. Тој за тоа напишал на социјалната мрежа X:

„За државна посета, нема ништо посоодветно од овие патики, Брижит? А што е со француската елеганција?“, напишал Филипо.