Роман Абрамовиќ зборуваше за периодот кога беше сопственик на екипата на Челзи.
Абрамовиќ го издигна лондонскиот клуб на ниво на европски великан, но мораше да го напушти клубот поради војната во Украина и неговата поврзаност со Владимир Путин.
Сепак, Абрамовиќ уште тогаш изјави дека парите ќе одат за жртвите на војната во Украина. Британците, пак, сакаат тие да бидат наменети исклучиво за Украинците.
„Постојат луѓе кои зборуваат, а времето си тече. И оваа руска поговорка совршено се вклопува во оваа ситуација“, изјави Абрамовиќ во едно од своите ретки обраќања до јавноста.
Како што вели, тој завршил со обидите да се брани од постојаните напади дека е „човек на Путин“.
„Што и да направам, луѓето секогаш ќе ме обвинуваат дека имам некаква агенда. На крајот, сè што правев беше во обид да помогнам“, додаде тој.
Челзи во периодот кога Абрамовиќ беше сопственик на клубот успеа да освои неколку титули во Премиер лигата, како и да биде двапати европски шампион.