Софија Вергара, омилената ѕвезда на серијата „Модерно семејство“, уште еднаш ги воодушевила следбениците на Инстаграм.
Во најновото издание, актерката позирала во танга бикини додека се сончала покрај базенот, без горен дел од костимот.
„Пристигна летото“, напишала таа кратко на шпански покрај фотографијата на која добила многу допаѓања.
На уште една фотографија која ја ставила на стори, Вергара носи жолто бикини со цветен принт, а лицето го штити со сламен шешир. И тогаш покрај неа имало крем за сончање.
„Пораснав на место каде никој не зборуваше за штетноста на сонцето. Дури подоцна сфатив колку е важно да се заштитам“, раскажала актерката за „Harper’s Bazaar“.
„Претходно буквално се „пржев“ на сонце со кокосово масло на телото, секој викенд“, признала Вергара, па додала: „Сега излегувам на сонце само на одмор и тоа секогаш со заштита“.
Нејзините фотографии во бикини станале редовни во текот на пролетта. Во април носела црно бикини, додека пак во мај позирала во едноделно бикини со чипкани детали.