[ВИДЕО] Крис Браун предизвика гнев кај публиката: „Ова е 18+ секс-шоу“

Точка

17/06/2025

15:49

737

Големина на фонт

а а а

Пејачот Крис Браун стана мета на критики откако на социјалните мрежи се појавија снимки од неговите настапи во Велика Британија и Германија.

За време на песната „Take You Down“, тој ги поканувал жените од публиката на сцената, ги прегрнувал и ги бакнувал во уста – сцена што некои ја опишаа како „непријатна и вознемирувачка“.

На концертот во Хамбург, според снимките, Крис прегрнал и бакнал една од жените од публиката, додека на концертот во Манчестер направил сличен потег – ја довел жената на црвен кадифен кауч, каде што повторно следел сензуален танцов контакт. Реакциите на обожавателите на Икс беа бурни:

„Никогаш нема да разберам зошто некој сè уште обрнува внимание на овој одвратен тип“; „Дали е ова… Крис Браун!? Кој воопшто му дозволува на овој човек да ги допира? Зошто!? Што се случува овде?“; „Дали е ова секс-шоу или концерт? Деца одат на неговите настапи. Сите концерти на Крис Браун треба да бидат за лица над 18 години“, „Ако кажам дека ова е агресивно однесување, дали сум премногу „woke“? Беа само дел од коментарите на шокираните обожаватели.

Реакциите на обожавателите поттикнаа поширока општествена дебата за границите на уметничкото изразување и почитувањето на приватноста.

Двојни стандарди во реакциите

Критичарите истакнаа дека овој вид однесување на сцената – сексуални гестови, бакнежи и интензивен физички контакт – може сериозно да го поткопа чувството на сигурност кај жените во публиката. Тие велат дека јавните личности мора да водат сметка за поставувањето граници.

Многумина го споредија Крис Браун со поп-пејачката Сабрина Карпентер, прашувајќи се зошто таа се соочува со критики поради сексуализираната насловна страна на албумот, додека тој поминува „неказнето“.


„Во свет каде што Сабрина Карпентер е критикувана за тоа што се изразува себеси, Крис Браун ги полни арените. Нема надеж за жените“; „Значи, ова се случува на концертите на Крис, но Сабрина е проблемот???“; Милион пораки за тоа како Сабрина „ги уназадува жените“ додека Крис Браун има распродадена турнеја и се бакнува со жени на сцената. Океј“, се некои од коментарите на корисниците кои застанаа во одбрана на Карпентер.

Крис Браун се шегува – но има сериозни правни проблеми

Турнејата „Breezy Bowl XX“ започна на 8 јуни во Амстердам, а Крис неодамна се појави на сцената во Велика Британија и покрај сериозните обвинувања.


Во февруари 2023 година, тој беше обвинет за напад со шише во лондонскиот ноќен клуб „TAPE“, каде што наводно го повредил продуцентот Абе Диџав.

Браун беше ослободен од притвор на 21 мај со кауција од 5 милиони фунти, а пасошот му е конфискуван, освен кога патува во странство.