Милан не ја активираше клаузулата: Јовиќ си заминува од Милано, можеби и од европскиот фудбал!

Дерби

22/06/2025

09:44

521

Големина на фонт

а а а

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ нема повеќе да го гледаме во дресот на италијанскиот великан Милан.

Тој беше дел од „црвено-црните“ во претходниве две сезони и имаше опција да остане во оваа средина и до 2026 година, меѓутоа Милан одлучил да не ја активира клаузулата за негово останување до наредното лето.

Ова е информацијата која ја сподели „Газета“, информација во која се вели дека клубот можел до 20 јуни да го продолжи престојот на Србинот во Милано, но тоа не е направено и напаѓачот како слободен играч ќе ја избере новата средина.

Во натпреварувачката 2024/2025 одигра 17 мечеви во сите конкуренции и постигна 4 гола од кои два беа во полуфиналето на Купот против Интер.

Според „Газета“, Лука може да ја напушти Европа затоа што за него најзагреани се Круз Азул од Мексико и Ботафого од Бразил.