[ВИДЕО] Џерард бираше најдобар напаѓач, се откажа од Суарез поради едно име

Дерби

22/06/2025

16:27

357

Големина на фонт

а а а

Стивен Џерард има навистина високо мислење за својот поранешен соиграч Луис Суарез, а тоа го покажа и во едно кратко гостување во вирално видео.

Англиската легенда имал задача да направи избор меѓу повеќе славни голгетерски имиња во видеото на познат инфлуенсер, а целосно го форсирал Суарез се до крајниот чекор.

Според Џерард, Суарез бил подобар напаѓач од имиња како Ибрахимовиќ, Агуеро, Торес и Салах, но не и од Карим Бензема.

При споредба на Уругваецот со актуелниот член на Ал Итихад, Џерард сепак го избрал Бензема.