Јувентус се обидува да ги одреди контурите за својот ростер за следната сезона, а дел од најкомплицираните преговори се поврзани со играчите кои настапуваа на заем во сезоната 2024/25.
Еден од нив е Рендал Коло Муани, за кого Јувентус преговара да остане уште најмалку една сезона во Торино, додека истовремено францускиот фудбалер самиот изјавува дека е задоволен од неговиот актуелен клуб и би сакал да продолжи да настапува за „бјанконерите“.
Сепак, неговиот матичен клуб ПСЖ треба да одобри такво нешто, а „Лекип“ објави вест која сигурно нема да му се допадне на раководсвото на Јувентус.
Според истата, инспириран од солидната сезона и одличниот настап на првата средба на Светското клупско првенство, Челси влегол во трката за потписот на Коло Муани и веќе побарал информации од ПСЖ за условите под кои може да го откупи неговиот договор.
Премиерлигашот ќе се обиде да ја искористи желбата на европскиот шампион да добие трансфер оштета за Коло Муани уште летово, односно да ја плати сумата која Јувентус се обидува да ја претвори во заем со обврска за купување следното лето.
На одлуката ќе влијае и изборот на фудбалерот, а она што е јасно е дека Коло Муани не е во плановите на тренерот Луис Енрике.