Борусија Дортмунд успеа да го совлада африканскиот ривал Мамелоди на вчерашниот натпревар со седум голови и освои важни бодови во обидот да избори место во нокаут фазата на Светското клупско првенство.
Тренерот Нико Ковач може да биде задоволен со досегашниот тек на турнирот, а на вчерашниот дуел направи еден уникатен потег со кој ги шокираше присутните на стадионот, но и сите фудбалски фанови.
Our subs watched the first half from inside the locker room to avoid the blazing sun at TQL Stadium – never seen that before, but in this heat, it absolutely makes sense. 🥵 #FIFACWC pic.twitter.com/5GYtMER1fQ
— Borussia Dortmund (@BVB) June 21, 2025
Резервните фудбалери на Борусија не го следеа натпреварот на вообичаен начин, односно од клупата за резервни фудбалери, туку во текот на првото полувреме останале во климатизираната соблекувална.
Фотографијата од групното следење на средбата веќе е вирален хит, а објаснувањето за потегот се големите жештини во САД.