Микел загрижен за ѕвездата на Челси: Исчезнува за време на натпреварите

Дерби

22/06/2025

09:57

426

Големина на фонт

а а а

Челси го претрпе првиот пораз на Светското клупско првенство кое се одржува во Соединетите Американски Држави и тоа од Фламенго кој славеше во Филаделфија со 3-1.

Премиерлигашот имаше водство по првото полувреме, меѓутоа не се снајде во вториот дел, особено во периодот од 62 до 68 минута каде прими два гола, заработи црвен картон и едноставно тука му избега натпреварот, поточно остана со празни раце и ќе мора во завршната рунда да го обезбедува пласманот во нокаут фазата.

Легендата на клубот, Џон Оби Микел ја следеше оваа средба и искажа загрижност за изданието на главната ѕвезда Кол Палмер.


-Малку е загрижувачки. Се оди преку него, но понекогаш исчезнува во натпревари каде што не го гледате и тоа повторно се случи. Треба да знае дека е маркиран човек. Ќе играте против тимови и тие ќе знаат дека ако го отстраните Кол Палмер, можете да го поништите начинот на кој играат.

-Значи, тој треба да најде поинаков начин. Можеби менаџерот треба да му помогне во однос на снаоѓањето во натпреварите и противниците. Можеби треба да го ослободат, да му се даде повеќе простор. Ако игра добро, и ние ќе играме добро, па се надевам дека комбинацијата помеѓу него и Делап ќе се подобри. Па сум малку загрижен, но Кол е фантастичен играч и се надевам дека ќе продолжи да се развива, -истакна Микел за „ДАЗН“.