Гвардиола: Некои играчи ќе треба да заминат за да не бидат тажни и разочарани

Дерби

22/06/2025

10:56

436

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити ќе има многу поразличен тим во новата сезона, а Пеп Гвардиола останува на ставот дека клубот мора да го намали ростерот и веќе не смее да има толку многу фудбалери кои нема да бидат во комбинација за натпреварите.

Шпанецот има голем ростер и за Светското клупско првенство, а во САД не отпатуваа Грилиш, Вокер, МекАти и Филипс, четворица играчи од кои тројцата најискусни треба да си најдат нова средина.

Матео Ковачиќ ќе го пропушти турнирот поради повреда.

– Би сакал да ги имам овие фудбалери и во текот на сезоната, задоволен сум од нивниот професионален однос.

– Проблемот е во тоа што тие нема да бидат среќни во текот на сезоната, ќе бидат тажни и разочарани. Јас немам проблем, но не сакам да се случи таква ситуација.

– Не сакам шест-седум фудбалери воопшто да не патуваат на гостувањата, преодниот рок е долг и ќе видиме што ќе се случува, – рекол Гвардиола.