Несоницата може да ја победите за само 24 часа доколку се храните вака: „Тоа се мали промени“

Точка

24/06/2025

10:23

787

Големина на фонт

а а а

Сонот е еден од најважните фактори за одржување на доброто здравје, но многумина денес се соочуваат со проблеми како што е несоницата, која може сериозно да го наруши квалитетот на животот.

Иако е познато дека исхраната влијае на општото здравје, помалку се знае за тоа како конкретно изборот на храна во текот на денот може да влијае на сонот ноќе.

Најновото истражување на научници од Универзитетот Колумбија и Универзитетот во Чикаго носи интересни резултати – промената во исхраната може да го подобри сонот за само 24 часа. Овие откритија отвораат нови можности за природно и едноставно решение за проблемот со несоницата.

Во новата студија, објавена во списанието „Слип хелт“ (Sleep Health), преминувањето од начин на живот без овошје на консумирање пет мали шолји овошје дневно може да биде клучот за добар ноќен одмор. Резултатите покажуваат временски поврзано влијание на изборот на храна во текот на денот врз квалитетот на спиењето ноќе.


„Извонредно е што толку значајна промена може да се види за помалку од 24 часа. Промените во исхраната би можеле да бидат нов, природен и исплатлив начин за постигнување подобар сон“, рекла експертката за спиење Есра Тасали, коавторка на новата студија.

Во студијата учествувале здрави млади луѓе кои го евидентирале својот дневен внес на храна преку апликација. Тие исто така носеле белегзија за следење што им овозможувала на истражувачите да ги мерат нвините навики на спиење.

Научниците особено се фокусирале на „фрагментацијата на сонот“ – мерење колку често личноста се буди или преминува од длабок во лесен сон во текот на ноќта.

Утврдено е дека исхраната секој ден е поврзана со „значајни разлики“ во сонот таа ноќ. Учесниците кои јаделе повеќе овошје и зеленчук во текот на денот уживале во подлабок и помалку прекинат сон ноќе. Оние што избрале поздрави јаглехидрати, како што се житарките од цело зрно, исто така имале подобар сон.


Истражувачите заклучиле дека луѓето кои јадат пет шолји овошје и зеленчук дневно можат да имаат подобрување на квалитетот на сонот до 16 отсто во споредба со оние што не јадат овошје и зеленчук.

„Многу значајна разлика од 16 отсто“, рекла д-р Тасали.

Научниците заклучиле дека редовната исхрана богата со сложени јаглехидрати, овошје и зеленчук е најдобра за долгорочен здрав сон, пишува британски „Сан“.


„Малите промени можат да влијаат на сонот. Тоа е охрабрувачки, бидејќи подобриот ноќен одмор е во ваша контрола“, рекла Мари-Пјер Сент-Онж, друга авторка на студијата.