[ВИДЕО] Соло патничка откри три земји кои ги посетила во кои не се чувствувала безбедно – една е во Европа

Точка

24/06/2025

09:29

1.779

Големина на фонт

а а а

Познатата тиктокерка и соло патничка Савана Кровел, која го води ТикТок профилот „@solowithsav“, неодамна во видео кое е погледнато речиси 500.000 пати, открила три држави во кои не ѝ било пријатно да патува сама.

Имала повеќе непријатни ситуации

Савана која доаѓа од Њујорк и има над 54.000 следбеници, вели дека во Франција имала повеќе непријатни искуства на различни локации.

„На своето прво соло патување во Париз за малку ќе бев измамена пред Лувр. Ми пријдоа луѓе кои се претставија како потпишувачи на петиција, а кога се обидов да си заминам станаа агресивни. За среќа имаше многу луѓе во близина, па некако успеав да се извлечам“, раскажала таа.

Инаку, станува збор за позната измама со петиција каде лажни волонтери се претставуваат како хуманитарци или активисти, а целта е да изнудат пари од туристите.

Втора непријатна ситуација ѝ се случила во Ница, на Азурното крајбрежје.

„Шетав сама кога од грмушка излезе маж со некаков шилест стап. Почна да „ме лови“, го фрлаше стапот врз мене и се смееше“, рекла Савана.

Мексико е втор на листата

Втората земја во која Савана не се чувствувала удобно е Мексико, иако истакнува дека тоа не значи дека не ја сака земјата.

„Бев на плажа кога ми пријде маж и почна да ме прашува лични прашања: каде престојуваш, колку ќе останеш... Инстинктот ми зборуваше дека треба да одам“, изјавила таа. Почекала мажот да влезе во морето, ги зела работите и истрчала од плажата.


Во Никарагва постојано ѝ дофрлале

Третата земја на нејзината листа е Никарагва, каде вели дека го доживеала најголемото дофрлање на улица.

„Имав чувство дека секојпат кога маж ќе помине покрај мене мора нешто да дофрли. Поради тоа сакав да се движам исклучиво по раздвижените улици“, се присетила таа.