[ФОТО] Сѐ запрело кога се појавила таа: 29 години помладата избраничка на Бред Пит го маѓепса Лондон во нереалниот фустан

Точка

24/06/2025

13:29

1.400

Големина на фонт

а а а

Вчера во Лондон беше одржана европската премиера на долгонајавуваното филмско остварување „F1“. По тој повод во англиската престолнина присуствувал светскиот џет-сет, составен од музичари, манекенки, режисери и секако актери.

Главните ѕвезди на црвениот тепих биле Том Круз и Бред Пит, а покрај нив големо внимание привлекле и актерите Дамсон Идрис, Патрик Шварценегер и Ешли Симон, како и возачот на формула 1 Луис Хамилтон.


Сепак, она што на јавноста ѝ било најинтересно е фактот што Бред Пит се појавил во друштво на својата избраничка Инес де Рамон.

Модно нескладниот славен пар сепак блескал на премиерата на филмот. Додека холивудскиот партнер се определил за умерен и отмен костум каде доминираат смирувачки зелени нијанси, неговата поубава половина заблескала и тоа во буквална смисла.

Имено, Инес овојпат се определила да носи раскошен фустан зад чиј дизајн стои модниот бренд „Фенди“. Долгиот фустан покриен со светки е дел од колекцијата за пролет 2024 година и со својот крој го одзема здивот.


Горниот дел го краси тесен дизајн којшто неодоливо асоцира на модата на златниот Холивуд, а во долниот дел потсетува на лелеава варијанта, како најубаво изработените сирена модели.

Фустанот бил благо проѕирен, но не откривал премногу. Таа го комбинирала со сандали во иста боја и дискретни обетки, а чантата дошла како шлаг на тортата.

Станува збор за чанта во минијатурна величина покриена со светки, исто така од брендот „Фенди“ која ја краселе долги реси.

Кога станувало збор за фризурата и шминката, Инес се придржува до доброто старо правило „помалку е повеќе“, па затоа изгледала совршено.


Ви се допаѓа ли овој стајлинг на Инес де Рамон?