[ФОТО] Јахтата на Безос е најлуксузното технолошко чудо, вреди половина милијарда долари – само за одржување е потребно цело богатство

Точка

24/06/2025

13:06

2.072

Големина на фонт

а а а

Милијардерот Џеф Безос и Лорен Санчез, наскоро ќе се венчаат, а до тогаш сите поглед се насочени кон нивната суперјахта „Кора“, најлуксузното пловечко чудо вредно половина милијарда долари каде Лорен го кажала судбоносното „да“.

Џеф Безос, основачот на „Амазон“ и еден од најбогатите луѓе на светот, наскоро ќе го изговори судбоносното „да“ со Лорен Санчез.

Јахтата „Кора“ која е во негова сопственост е долга 127 метри и се проценува на половина милиони долари вредност, а токму таа била местото на нивната веридба минатата година. Сега парот на јахтата ги поминува деновите низ хрватското крајбрежје воочи венчавката која ќе се одржи во Венеција.

Но, „Кора“ не е само статусен симбол туку и технолошко чудо кое ги поместува границите на луксузот на море.


„Кора“ – најлуксузната јахта на светот

„Кора“, што на маорски значи „спирала“ или „нов почеток“, Безос ја нарачал во 2018 година, а ја направила познатата холандска компанија „Океанко“.

Јахтата била испорачана на Гибралтар во април 2023 година, а Безос на неа стигнал со хеликоптер, подготвен за своето прво пловење.

Со три масивни јарболи со висина над 70 метри, „Кора“ моментално е најголемата јахта на светот. Може да прими 18 гости во девет луксузни кабини, додека пак исто така има место за дури 36 членови на посадата.

Со вкупна површина на едрата од над 2.000 метри квадратни „Кора“ може да достигне брзина до 17 чворови, а благодарение на MTU дизел моторите и напредните системи за батерии, може да плови тивко и еколошки прифатливо.


Дизајн којшто го одзема здивот

Надворешноста на јахтата ја дизајнирало студиото „Dykstra Naval Architects“, додека пак софистицираниот ентериер е дело на лондонското биро „Mlinaric, Henry & Zervudachi“.

Јахтата има палуби, труп од темносин челик и надоградба од бел алуминиум во два слоја.

Според пишувањата на светските медиуми „Кора“ е инспирирана од легендарната јахта „Еос Бари Дилер“, а на неа има и впечатлива фигура на жена.

Иако многумина шпекулирале дека станува збор за ликот на Лорен Санчез, сепак таа за „Вог“ рекла дека ликот е инспириран од нордиската божица на љубовта Фреја.

Јахтата исто така е опремена со најсовремените системи за одржливост, користи кинетичка енергија на бранови за произведување електрична енергија, а хибридниот погон овозможува тивко пловење.


Одржување на луксузот

Одржувањето на таквиот луксуз не е евтино, годишните трошоци за јахтите се околу 30 милиони долари.

„Кора“ често плови под знамето на Кајманските Острови, а додека била во изградба често го носела името „Проект Y721“.