Д-р Бабамова: Како здравјето на забите влијае на целокупното здравје? И какви четки за заби да користиме?

Точка

24/06/2025

10:45

291

Големина на фонт

а а а

Половина од луѓето во светот страдаат од орални заболувања, како што се расипување на забите и заболување на непцата. Загрижувачки е податокот дека е се поголем бројот и на деца кои недоволно водат грижа за своите заб. Стресот, лошата исхрана, нередовната посета на стоматолог влијаат се повеќе луѓе во светот да имаат проблеми со оралната хигиена.

И ако порано оправдување за ова бил стресот и болката од стругање на забите, и се околу тоа, веќе нема причина за изговор. Одењето на стоматолог е рутински, безболен и пријатен процес, а придобивките врз општото здравје се огромни.

Денес технологијата е толку напредната, постои нова апаратура, методи кои носат огромни олеснувања за пациентите. Во ДЗУ Бабамова е имплементирана единствена метода на воздушна абразија со која кариесот се отстранува на комплетно безболен начин, со млаз од воздух и прашак. Може да се користи и кај деца и кај возрасни. Нема болка, непријатен звук, вибрации и стрес.

Здравите заби им овозможува на луѓето да зборуваат, да се смеат, да јадат и да вршат други функции во текот на животот, но исто така ја зголемува социјалната интеракција и самодовербата. Спротивно нездравите заби може потенцијално да доведат до социјална изолација, каде што луѓето избегнуваат да се смеат и комуницираат со останатите, заради чувството на срам поради нивните заби и перцепцијата на луѓето за нивното орално здравје.


Оралното здравје влијае врз целокупното здравје на човекот

Оралните инфекции и хроничните воспалителни процеси не само што предизвикуваат локални проблеми, туку можат да бидат поврзани и со сериозни системски болести како дијабетес, кардиоваскуларни заболувања, Алцхајмерова болест и ревматоиден артритис.

Оралното здравје има и значителни економски и социјални импликации. Лошата состојба на забите и непцата води до зголемени трошоци за лекување, отсуства од работа и училиште, намалена продуктивност и квалитет на живот. Истражувањата покажуваат дека инвестицијата во превенција и редовна стоматолошка грижа може да ги намали трошоците за лекување и да го подобри целокупното здравје на популацијата.

Усната шуплина е почетната точка на дигестивниот и респираторниот тракт, а воедно и место каде што се развиваат милиони микроорганизми. Во нормални услови, овие бактерии се контролирани преку добри навики за орална хигиена и имунолошкиот систем. Но, при запоставување на хигиената, нивото на бактерии се зголемува, што може да доведе до инфекции како кариес и гингивит, а понатаму и до пародонтит – хронично воспаление на непцата.

Посетата на стоматологот не треба да биде само во моментите кога ќе ни се скрши пломба или ќе не заболи заб. Редовни прегледи барем 2 пати во годината се повеќе од неопходни. Нешто може да не е во ред со забите уште пред ние тоа да го забележиме вели стоматологот Д-р Лиљана Бабамова од ДЗУ Бабамова. Колку повеќе делуваме превентивно, толку на долг рок ја зголемуваме веројатноста за поздрави заби.

Забите имаат влијание врз целокупното здравје. Еве само неколку причини кои можеби ќе ве натераат превентивно да се грижите за вашите заби.

Дијабетес и орално здравје – двонасочна врска

Дијабетесот и пародонталната болест се во тесна, двонасочна релација. Високото ниво на шеќер во крвта создава поволна средина за развој на бактерии во усната празнина, што го зголемува ризикот од кариес и воспаление на непцата. Истражувањата покажуваат дека лицата со дијабетес се трипати подложни на развој на пародонтит во споредба со здравите лица.


Од друга страна, хроничното воспаление на непцата го отежнува контролирањето на гликемијата, бидејќи воспалителните процеси ја намалуваат осетливоста на телото на инсулин. Ова создава порочен круг: лошата контрола на дијабетесот води до влошување на оралното здравје, а пародонталната болест ја влошува гликемиската контрола. Истражувања објавени во Diabetes Care Journal потврдуваат дека подобрувањето на оралната хигиена и редовните стоматолошки интервенции можат значително да ја подобрат регулацијата на шеќерот во крвта кај дијабетичарите.

Кардиоваскуларни заболувања и пародонтит

Една од најистражуваните врски е онаа помеѓу пародонталната болест и атеросклеротските кардиоваскуларни заболувања (коронарна срцева болест, мозочен удар, периферна васкуларна болест). Систематските прегледи потврдуваат дека лицата со хроничен пародонтит имаат значително зголемен ризик од развој на атеросклероза, независно од другите ризик-фактори.

Механизмот најчесто се објаснува преку хроничното воспаление: бактериите и нивните токсини од усната празнина влегуваат во крвотокот, предизвикувајќи воспалителен одговор во крвните садови. Ова води до оштетување на ендотелот и забрзана атеросклероза. Дополнително, пародонталната терапија е поврзана со намалување на биомаркерите за васкуларен ризик и подобрување на функцијата на ендотелот.

Алцхајмерова болест и орално здравје

Во последните години, се појавуваат докази за врската помеѓу хроничната пародонтална инфекција и развојот на Алцхајмерова болест. Истражувањата идентификуваат специфични бактерии, како Porphyromonas gingivalis, кои често се присутни кај пациенти со Алцхајмер и се смета дека преку хронична инфламација и невротоксични ефекти можат да придонесат за невродегенерација.

Ревматоиден артритис и усната шуплина

Ревматоидниот артритис (РА) е автоимуна болест која се карактеризира со хронично воспаление на зглобовите, но истражувањата покажуваат дека постои силна поврзаност и со воспалителните процеси во усната шуплина. Бактериите од пародонталните џебови, особено Porphyromonas gingivalis, можат да предизвикаат модификација на протеините (цитрулинација), што води до создавање на автоантитела клучни за патогенезата на РА.

Не е сеедно какви четки за заби користиме!

Стоматолозите ги препорачуваат четките за заби со кварц Мизуха кои многу ефикасно ги отстрануваат наслагите. Тие се со најнова технологија на влакна од природна керамика и оставаат силно чувство на чистота и ефект на полирани заби. Можат да се нарачаат онлајн! Со нив наслагите полесно и побрзо се отстрануваат, а она што е интересно е дека е потребна помала количината на паста која треба да биде нанесена на работната површина на четката при четкањето.


Комерцијален текст