Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрих, утрово објави порака на платформата „Икс“ по новите ирански ракетни напади врз Израел, во која се вели: „Техеран ќе трепери“.
Објавата беше споделена пред околу еден час и предизвика многу реакции.
Смотрих, член на крајно десничарската партија Религиозен ционизам и близок сојузник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, претходно поддржуваше силни воени одговори на иранските напади. Неговите коментари доаѓаат во услови на тензии и покрај најавеното примирје што стапи на сила утрово.