Светот на сексуалните фантазии е шаренолик и често неочекуван, а тоа најдобро го знае Кетрин де Ноар, менаџерка на еден од најголемите легални бордели во Европа.
Со речиси десет години искуство во оваа работа, Кетрин секојдневно се среќава со разни желби и потреби на клиентите, но една ситуација особено ѝ останала во сеќавање.
Еден обичен вторник, маж влегол во борделот носејќи кутија со алат, работна униформа и сериозен израз на лицето. Наместо вообичаена еротска авантура, овој клиент резервирал еден час за, како што се покажало, симулација на водоинсталатерски поправки.
Во целосно сериозна улога, започнал да го поправа лавабото, да го мести тушот и да го тестира тоалетот, сето време задржувајќи професионален пристап кон задачата. Сексуалната работничка што ја ангажирал целосно го прифатила неговото сценарио, дозволувајќи му да ја реализира својата фантазија без прекини.
По истекот на закажаниот термин, мажот се заблагодарил за „прекрасната вечер“, се пресоблекол и го напуштил просторот со израз на длабоко задоволство. Иако за време на средбата немало ништо сексуално во традиционалниот смисла, очигледно ја исполнил својата специфична потреба.
„За мене, како менаџерка на бордел, тоа беше само уште еден вторник“, признава Катрин, истакнувајќи дека во оваа работа научила дека во сексуалните фантазии всушност не постои „нормално“. Човечката сексуалност е, според нејзините зборови, креативна, разновидна и често изненадувачка.
Таа додава дека општеството често претерува со комплицирањето на прашањата поврзани со сексуалноста, наметнувајќи норми, етикети и очекувања, додека сексот во основа треба да остане тоа што е – игра, задоволство и лично ослободување, пишува „Lad Bible“.