Бекам завршил во болница со „мистериозна“ повреда

Дерби

27/06/2025

11:59

299

Големина на фонт

а а а

Викторија Бекам објави фотографија од својот сопруг Дејвид во болнички кревет и очекувано го привлече вниманието на фудбалската јавност и британските таблоиди.

Сопругата му посака брзо заздравување на легендарниот фудбалер, чија повреда останува мистериозна, но била доволно сериозна за тој да заврши во болница.

Фиксираната рака на Бекам е потенцијалниот проблем кој се наметнува како логично објаснување од објавената фотографија, но јавноста допрва ќе дознае каков проблем има косопственикот на Интер Мајами.

Неговиот клуб учествува на Светското клупско првенство и обезбеди осминафинале, а барем деновиве нема да може да ја добие поддршката на Бекам во САД.