Тотенхем ја тужи компанијата на косопственикот на Манчестер Јунајтед

Дерби

27/06/2025

12:30

276

Големина на фонт

а а а

Англискиот клуб Тотенхем официјално поднел тужба и бара финансиска отштета од компанијата „Инеос“, која е во сопственост на Џим Ретклиф, актуелниот косопственик на Манчестер Јунајтед.

Премиерлигашот на суд бара да си ги оствари правата од спонзорскиот договор потпишан во 2022 година, а се решил на ваков чекор откако компанијата престанала да ги плаќа своите обврски.

„Инеос“ станал спонзор на Тотенхем, брендирајќи ги седиштата на клупите за резерви, добивајќи простор на рекламните паноа околу теренот, како и промовирајќи го автомобилот Гренадиер како автомобилски партнер на лондонскиот тим.

Сега Тотенхем бара сума од околу 11 милиони фунти од автомобилската секција на „Инеос“, а тоа се неуплатените рати од договорот, односно обврските кои клубот предводен од Даниел Леви требало да ги заработи до 2027 година.

Вкупниот петгодишен договор вредел 17,5 милиони фунти, а Тотенхем го раскинал во март затоа што компанијата не ги плаќала своите обврски.