„300 евра за лежалка?“: Најскапите плажи во Црна Гора – чадорите поскапи од апартман на Халкидики

Точка

03/07/2025

18:54

1.451

Големина на фонт

а а а

Црна Гора станува сѐ полуксузна дестинација за летување, но и елитна енклава за богатите гости, особено кога станува збор за одредени плажи кои нудат спектакуларен амбиент со цени кои оставаат без здив.

Летувањето во Црна Гора повеќе не е синоним за пристапен одмор, а цените на лежалките, чадорите, пијалаците, па дури и самиот влез на плажата на одредени места достигнуваат огромни износи.

Свети Стефан – рај за богатите, пекол за паричниците

Плажата пред популарниот остров-хотел комплекс Свети Стефан важи за една од најскапите во регионот.

Иако дел од плажата технички е достапна за јавноста, најдобриот дел е резервиран за гости од Аман ресортот, а доколку сакате да влезете на тој дел како „обичен човек“, влезот чини 100 евра од лице.


Дневен сет лежалки со чадор на луксузниот дел од плажата може да достигне и до 300 евра, во зависност од периодот. Во цената е вклучена постелнина, флаширана вода и пешкири, но и чувство дека сте во друштво на светските милијардери.

Маестрал Бич, лежалката вреди како хотел

Во заливот покрај Свети Стефан, се наоѓа Маестрал плажата, поврзана со истоимениот хотел и казино. Тука сет две лежалки и чадор дневно се плаќаат меѓу 120 и 200 евра.

Влезот е бесплатен, но без резервација тешко дека ќе најдете место. Коктелите во просек чинат 20-30 евра, додека пак шише вино од 100 евра, па нагоре. Сепак, гостите таму одат заради мирот, дискрецијата и луксузниот третман.


Плажа Плоча – бетон, музика и најскапото пиво на Јадранот

Иако не станува збор за песочна плажа туку бетонски табли, ова место кај Будва станало култно заради дневните забави и хедонизмот.

Влез на оваа плажа се наплаќа 20 евра по лице, додека пак лежалките се плаќаат од 50 до 150 евра, во зависност од позицијата и термините. Пиво во шише? 10 евра. Шише просечно вино? Од 120 до 200 евра.


Добреч – скриена и скапа

Оваа плажа достапна е исклучително со брод или чамец. Тој фактор се одразува и на цените. Лежалките таму чинат меѓу 600 и 120 евра, додека пак влезот е симболичен – 10 евра.