Јувентус го заврши настапот на Светското клупско првенство и сега тренерот Игор Тудор и управата на клубот сигурно имаат комплетна јасна слика за потезите што ќе се направат ова лето на трансфер пазарот.
Интересен за „бјанконерите“ е пазарот на островот каде го меркаат Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед, играч кој дефинитивно нема иднина на „Олд Трафорд“.
Меѓутоа последните вести се дека Јуве е заинтересиран за уште еден фудбалер и тоа е Вилфред Ндиди од Лестер. „Лисиците“ испаднаа од Премиер лигата и Нигериецот има откупна клаузула од 9 милиони евра што е прифатлива за калчолигашот.
Ндиди има 28 години и пред да се пресели во Лестер во 2017 година настапуваше за белгиски Генк. Тој има договор сосегашниот тим до 2027 година.