Филмска кражба на Тур де Франс: Украдени велосипеди вредни цело богатство – еве колку чини еден

Точка

07/07/2025

10:32

1.489

Големина на фонт

а а а

Францускиот велосипедски тим "Cofidis" се соочи со вистинска драма пред стартот на втората етапа на Тур де Франс, откако од камион му беа украдени дури 11 велосипеди, објави тимот.

Кражбата се случила од камион паркиран на околу 150 метри од хотелот во Бондус, во близина на аеродромот Лил, каде што бил сместен тимот.

„Вратата од камионот била насилно отворена и 11 велосипеди се украдени, и покрај безбедносните мерки кои беа воведени“, стои во соопштението на тимот.

Секој велосипед чинел околу 13.000 евра, што значи дека вкупната штета надминува 140.000 евра.

И покрај инцидентот, "Cofidis" успеа да обезбеди доволно велосипеди за учество на втората етапа, која се возеше во должина од 209 километри – од Ловен-Планк до Булоњ-сур-Мер.