Деко ја извршува функцијата спортски директор на Барселона и тоа во тешко време за шпанскиот великан кој се уште не може да стабилизира на финансиски план и да реализира потези на трансфер пазарот без никакви пречки и проблеми.
Секој потег, одлука на Деко е од големо значање и засега има позитивни, ама и негативни критики и коментари од навивачите на каталоцните кога е во прашање неговата работа.
Еден од неговите потези кои не поминаа е ангажманот на Витор Роке, Бразилецот кој беше најавуван како голем талент, замена за Роберт Левандовски за да набрзина си замине прво на позајмица во Бетис, а потоа и се врати дома во редовите на Палмеирас.
- Навистина ми е жал за него. Со Витор, секогаш мислам дека доаѓањето во јануари не му направи никаква услуга. Почна добро – постигна неколку гола – но потоа стана тешко да се справи со притисокот што доаѓа со играњето за Барселона.
- Да дојдеше оваа сезона, работите можеби ќе му одеа подобро. Со нови фитнес тренери и нов почеток, можеби ќе имаше повеќе среќа. Сега мора да ја обнови самодовербата назад во Палмеирас, - вели Деко за „Мундо Депортиво“.