[ВИДЕО] Ќерката на Ози Озборн се сврши на неговиот последен концерт: Реакцијата на пејачот насмеа многумина

Точка

07/07/2025

21:00

1.079

Големина на фонт

а а а

Кели Озборн, ќерката на легендарниот музичар Ози Озборн и Шерон Озборн, се сврши со својот долгогодишен партнер Сид Вилсон, член на бендот „Slipknot“.

Запросувањето се случи зад сцената за време на последниот концерт на „Black Sabbath“, што го направи моментот уште поемотивен.

Кели ја сподели снимката од запросувањето на Инстаграм, со краток опис: „О, и ова се случи вчера“.

Истата предизвика бројни реакции и честитки од обожавателите.


Сид ја изненади Кели со запросувањето зад сцената, во присуство на членовите на нејзиното семејство и блиските пријатели. Обраќајќи ѝ се со емотивни зборови, тој рече: „Кели, знаеш дека те сакам повеќе од сè на светот“.

Во тој момент, Ози се пошегува и додаде: „Нема да се венчаш со мојата ќерка“.

Присутните изреагираа со смеа, а Вилсон продолжи: „Ништо не би ме направило посреќен од тоа да го поминам остатокот од животот со тебе. Пред твоето семејство и сите наши пријатели – Кели, дали ќе се омажиш за мене?“.


Видливо изненадената Кели се согласи, а Сид го стави свршеничкиот прстен на нејзиниот прст, по што се прегрнаа.

Инаку тие се запознале во 1999 година, но романтична врска ја започнале дури во 2022 година, што Кели тогаш го потврди на социјалните мрежи, велејќи: „По 23 години пријателство, не можам да поверувам каде завршивме. Ти си мојот најдобар пријател, мојата сродна душа и толку сум вљубена во тебе“, напиша таа.