"Porsche 911" само за избрани 71 купувач – за да го поседувате, мора да сте дел од клубот

Супермен

08/07/2025

13:16

386

Големина на фонт

а а а

Американците добиваат специјално издание на моделот 911, ограничено на само 71 примерок со ексклузивна боја и рачен менувач.

"Porsche" го претстави новото лимитирано издание "911 Club Coupe", со кое се одбележува 70-годишнината од постоењето на "Porsche Club of America" (PCA) – најголемиот клуб на сопственици на "Porsche" возила во светот.


Само 71 примерок

Ова посебно издание се базира на "911 Carrera T" и ќе биде произведено во само 71 примерок за пазарот во САД и Канада. Автомобилот го придвижува шестцилиндричен мотор со 388 коњски сили, споен исклучиво со рачен менувач со шест брзини, при што рачката е изработена од оревово дрво.

На прв поглед се истакнува ексклузивната боја "Sholarblau Metallic", развиена во соработка меѓу" Porsche Style", "Exclusive Manufaktur" и "PCA". Станува збор за металик верзија на познатата боја "Clubblau", која првпат беше користена во 2015 година.

Спортскиот карактер е нагласен со "SportDesign" преден браник со црвени акценти, 20/21-инчни "RS Spyder" фелни во "Satin Black" со "Brilliant Silver" детали, како и "PASM Sport" суспензија, која е спуштена за 10 мм во споредба со стандардната Carrera.


Специјален ентериер

Внатрешноста е обложена со црна кожа, со контрастни рабови во боите "Speedblue" и "Guardsred", осветлени прагови со натпис „Porsche Club of America“, како и проектор на вратите со посебно лого за 70-годишнината.

„Членовите на "PCA" се едни од најстрасните љубители на автомобили во целата индустрија“, изјави Тимо Реш, претседател на "Porsche Cars North America". „Чест ни е што создадовме посебен модел со кој ја славиме 70-годишнината на "PCA".“

Светската премиера на моделот ќе се одржи на годишниот настан "Porsche Parade", организиран од "PCA". Инаку, "Porsche Club of America" е основан во 1955 година од Бил Шолар, и денес претставува најголемиот клуб за сопственици на "Porsche" автомобили во светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk