Оваа Британка вели: „Му дозволувам на свршеникот да спие со други жени. Ги запознавам, но имаме едно строго правило“

Точка

08/07/2025

18:19

2.109

Големина на фонт

а а а

Иако врската на Шарлиз Сторм (50) на многумина може да им изгледа неконвенционална, идната невеста тврди дека тоа е најздравата врска во која некогаш била.

Според „Мирор“, таа не само што го охрабрува својот свршеник Мет Џонсон (44) да носи други жени во домот за секс, туку е и среќна што може и да разговара со нив следното утро.

„Ова е најздравата врска во која некогаш сум била“, рекла таа. „Апсолутно би им ја препорачала на другите. Луѓето мислат дека полиаморијата исклучиво е поврзана со сексот, но всушност станува збор за емоционална поврзаност. Вашите емоционални и сексуални потреби не се нужно поврзани“, додаде Британката.


Оваа 50-годишната социјална работничка првпат се обидела со отворена врска пред три години, откако нејзиниот 23-годишен брак се распаднал. Во јули 2022 година, додека била на одмор во Нов Зеланд, преку апликација за запознавање, го запознала својот сегашен партнер, Мет.

Мет бил склон кон полиаморијата, желбата да има консензуална романтична врска со повеќе лица истовремено, а врска со Шарлиз била остварување на сонот. Една година подоцна, продавачот се преселил во Англија за да биде со Шарлиз, која е мајка на две деца.


Шарлиз, која живее во Честерфилд, објасни како таа и Мет практикуваат она што е познато како „полиаморија на кујнска маса“. Овој пристап вклучува партнери кои развиваат блиски и пријателски односи со другите партнери на својот партнер, честопати делејќи оброци и заеднички простор.

И двајцата се во долгорочни врски со други полиаморни лица – Шарлиз раскажа дека во еден момент имала четири партнери истовремено, додека Мет имал три.

„Бидејќи Мет и јас ја започнавме врската како полиаморни лица, сè е многу е полесно бидејќи можеме да излегуваме со други и да бидеме целосно искрени. Полиаморијата ми овозможува да бидам целосно своја, едноставно ми доаѓа природно“, рече Британката.

Мет, татко на три деца, додаде: „Шарлиз и јас имаме одлична хемија и слични идеали. Секоја врска е различна. Убавината на полиаморијата е во тоа што ако не можете да задоволите некоја потреба на вашиот партнер, тој/таа може да најде некој друг што може да го стори тоа“.


Меѓутоа Шарлиз призна дека понекогаш чувствува љубомора кон партнерките на Мет, но рече дека се справува со тоа преку отворена комуникација. „Кога тоа ќе се случи, разговарам со Мет и тој ми дава сигурност и поддршка“, објасни таа.

„За мене, не станува збор само за секс, бидејќи многу брзо создавам емоционални врски. Ги сметам другите луѓе со кои сум во врска за мои партнери. Ако Мет ми кажеше дека е заљубен во друга жена, ќе бев пресреќна и ќе сакав таа жена да ми стане најдобра пријателка. Пријателка сум со една од неговите партнерки од Нов Зеланд“, раскажа Шарлиз.

Двојката има едно строго правило: користење кондоми со нови партнери и тестирање за сексуално преносливи болести. „Имаме мој кревет и негов кревет. Кого ќе поканам во мојот кревет е моја работа и обратно“, истакна Шарлиз, и заклучи: „Ако некој од нас донесе некого дома, не е невообичаено сите заедно да појадуваме следното утро“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk