Дали некогаш сте се запрашале од што зависи успехот? На прв поглед може да изгледа дека сѐ е во среќата, врските и финансиската ситуација на родителите.
Но, доколку ја прочитате биографијата на бизнисмените, станува јасно дека многу од нив потекнуваат од сиромашни семејства. И биле сигурни во своите способности и идеи.
Постојат три важни особини кои ги обединуваат самоуверените луѓе.
Луѓето често се плашат да слушнат „не“.
„Се плашам да запознам девојка, што доколку се докаже дека не сум нејзин тип?“, „Нема да им ги кажам желбите на своите родители, ќе се налутат“, „Сакам поголема плата, но се плашам од бесот на шефот“.
Луѓето живеат со такви деструктивни мисли и повеќе сакаат да не прават ништо. Не е ниту чудно што успехот ги одбегнува.
Во меѓувреме, самоуверените луѓе одат таму каде што другите се плашат. Тие поставуваат прашања, изразуваат желби, учествуваат во дискусии. Со еден збор – делуваат. Но, главно е тоа што не се плашат да слушнат „не“ затоа што секогаш знаат – животот тука не завршува.
„Движењето е живот“ е познатата фраза на Аристотел која се однесува не само на физичката активност туку и на мисловниот процес.
Благодарение на желбата за учење, може да се постигне целта и радикално да се смени својот животен вектор.
Со движењето доаѓаат новите работи, невозможно е секогаш да „нуркате“ во обичните работи. Станува здодевно, а животот ја губи својата боја.
Новите работи се енергија која ја збогатува силата и ги оживува желбите за создавање.
Самоуверената личност ризикот го доживува како единствена шанса да се постигне резултат. За несигурните личности, тоа е страв од губење.
Можноста да се преземе ризикот е поврзана со опасноста, но не мислиме на екстремните постапки.
Кога ризикуваме мора да ја напуштиме својата зона на комфор, тестирајќи ја својата сила. Да, тоа не е секогаш победа. Тешко е да се предвидат работите, но нема сигурни работи во животот.