[ФОТО/ВИДЕО] Потегот на фудбалерот од Мексико ја обиколи планетата: По трагично загинатиот Диого Жота направил нешто поради кое сите му се поклонуваат

Супермен

07/07/2025

22:16

3.455

Големина на фонт

а а а

Финалниот натпревар на Голд купот во којшто Мексико ја совлада Америка со 2:1, целосно го одбележал фудбалерот Раул Хименез.

Мексиканскиот фудбалер поради двата геста кон трагично настраданиот Диого Жота успеа да се најде во центарот на вниманието на сите светски медиуми.

Прво Хименез излегол на терен во дрес на којшто го пишувало бројот 20 и „Diogo J.“, а потоа голот којшто го постигнал за израмнување го посветил на фудбалерот на Ливерпул којшто трагично го изгуби животот во сообраќајна несреќа.


На овој начин Раул прераснал во двоен херој затоа што го славеле и навивачите на Мексико, но и на Ливерпул.

Исто така, Мексиканците на крај ги победиле Американците со 2:1 и го освоиле трофејот.

Покрај Хименез, гол за Мексико дал и Алварез, додека пак Ричардс на Американците му донел водство на стартот од натпреварот.

Да ве потсетиме, Диого Жота и неговиот брат Андре Силва починаа во сообраќајна несреќа, а повеќе детали откри шпанската полиција.

„Сообраќајната несреќа се случила во 00:30 часот на 65 километри од автопатот A52 во округот Сардинија. Едно возило излетало од патот и сѐ укажува на тоа дека дошло до пукање на гумата при претекнување.

Низ резултатите од сообраќајната несреќа, автомобилот се запалил и двете лица кои биле во него починале. Се чекаат форензичките извештаи, а еден од починатите е идентификуван како Диого Жота, фудбалер на Ливерпул, како и неговиот брат Андре Фелипе“, пишувало во соопштението на шпанската полиција.

За тагата да биде уште поголема, Жота и неговата долгогодишна девојка Рут Кардозо се венчале пред 10-на дена, па тој зад себе ја остави сопругата и трите деца.

Судбината се поиграла на стравотен начин со фудбалерот којшто бил принуден да патува со автомобил затоа што докторите му забраниле лет со авион поради тоа што неодамна имал операција на белите дробови.


Поради тоа Жота со братот тргнал кон Сантандер за да фатат траект на пат кон Велика Британија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk