[ФОТО/ВИДЕО] Емотивни сцени на Вимблдон: Расплаканиот Димитров не можел да ја крене раката, па на неправеден начин се збогува од најпрестижниот турнир

Супермен

08/07/2025

11:11

1.064

Големина на фонт

а а а

Бугарскиот тенисер Григор Димитров го предаде натпреварот во осминафиналето на Вимблдон на Јаник Синер, откако водеше со 2:0 во сетови.

Играл прекрасно, доминирал на теренот против фаворизираниот Италијанец, а потоа следел шок.

Доживеал тешка повреда при водство од 2:0 во сетови и бил принуден да го предаде натпреварот на Синер којшто така незаслужено заврши во четвртфиналето на најпрестижниот Гренд слем.

Димитров сервирал ас за 2:2 во третиот сет и се фатил за градите. Веднаш било јасно дека нешто не е во ред.

Докторите го однеле во соблекувалната за да утврдат за што станува збор, а по кратка пауза Димитров во солзи се вратил на теренот и веднаш го предал натпреварот.

Буквално не можел да ја крене раката. Се докажало дека го скинал мускулот на десниот дел од градите.

Синер му помогнал да ја спакува опремата и да го напушти теренот, а публиката го испратила со огромни овации.

Ова било петтиот по ред Гренд слем на којшто Димитров поради повреда морал да се откаже.

Оваа ситуација го погодила и Синер којшто порачал дека би се менувал со Димитров во следната рунда, а го нарекол и пријател.

По овој повод се огласил и Новак Ѓоковиќ, а на Инстаграм напишал: „Братко“.


Сета љубов и почит кон најдобриот тенисер на Бугарија на сите времиња Ѓоковиќ ја покажал преку овој гест.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk