Електричниот хиперавтомобил кој го одзема здивот.
"Rimac Nevera R", спортска и визуелно агресивна верзија на електричниот хиперавтомобил, ја освои наградата "Red Dot" за дизајн на производи за 2025 година.
Како што само името сугерира, развојот на "Nevera R" ја следеше филозофијата на брендот "Rimac": "Radical" (радикален), "Rebellious" (бунтовнички), "Relentless" (неуморен), велат од компанијата и ја нагласуваат дизајнерската вредност на моделот "Nevera R".
Дизајнот на овој автомобил карактеризира импозантна естетика и силен спортски карактер, осмислен за возбуда на возењето и совладување на кривините.
Предниот дел на автомобилот со хоризонтални линии го истакнува аеродинамичката ефикасност, позицијата и ширината на возилото, пишува "Index".
Од страна, забележуваме балансиран однос на бојата на каросеријата и деловите од видлив карбон, што дополнително го истакнува надвременскиот и динамичен профил на автомобилот.
Големото задно фиксно крило вклучува изразени елементи како голем фиксен спојлер и агресивен дифузер, додека спортскиот став на автомобилот дополнително го засилуваат задните тркала од 21 инч и предните од 20 инчи.
„Оваа награда ја потврдува визијата на нашиот тим да создадеме не само технолошки напреден хиперавтомобил, туку и автомобил кој нуди задоволство при возењето и визуелен впечаток како класичните суперавтомобили. Со "Nevera R" направивме премин од балансираниот "Grand Tourer" концепт на оригиналната "Nevera" кон посилно изразена и агресивна личност на моделот "Nevera R"“, изјави Франк Хајл, директор на дизајн во компанијата "Bugatti Rimac".
Наградата "Red Dot" официјално ќе биде доделена на компанијата "Bugatti Rimac" на настанот „Designers‘ Night“ во музејот „Red Dot Design“ во Есен.
"Nevera R" исто така ќе биде претставена во годишникот на „Red Dot Design“, на официјалниот сајт на "Red Dot" и на меѓународните изложби.