Овој зеленчук се препорачува после 60-тата година: Го забавува стареењето, штити од канцер и е одличен извор на хранливи материи

Точка

11/07/2025

09:15

1.200

Големина на фонт

а а а

Артичока е зеленчук којшто е богат со растителни влакна и антиоксиданти кој може да го подобри здравјето на цревата, црниот дроб и срцето, а се препорачува луѓето да го консумираат по 60 година од животот затоа што го намалува стареењето и холестеролот.

Артичоката е полна со витамини, хранливи материи и фитохемикалии кои се борат против болести.

Д-р Без Червони објаснила дека срцето на артичоката е меко и месесто, но и дека стеблото од растението исто така е вкусно и хранливо.

Таа навела 10 причини зошто артичоката е одличен додаток во исхраната.

Нискокалоричен извор на хранливи материи

Големата артичока има 76 калории, 17 грама јаглехидрати, а нема холестерол и масти.


Хранливи материи:

- 0,37 милиграми бакар;
- 110 микрограми фолати;
- 97 милиграми магнезиум;
- 24 микрограми витамин К;
- 19 милиграми витамин Ц;
- 0.41 милиграми манган;
- 600 милиграми калиум;
- 146 милиграми фосфор;
- 2,1 милиграм железо;
- 1,7 милиграми ниацин;
- 0,55 милиграми витамин Б5;
- 0,19 милиграми витамин Б6;
- 0,12 милиграми тиамин.

Штити од болести

Природните растителни хемикалии во артичоката штитат од бактерии, габи, паразити и вируси.

Фитохемикалиите имаат антиоксидантски својства, а антиоксидантите ги намалуваат штетните ефекти на слободните радикали. Овие материи предизвикуваат оштетување на клетките што може да доведе до ризик од канцер, автоимуни болести и Алцхајмер.

Го намалува холестеролот

Цинарин, фитохемијалијата која се наоѓа во артичоката, може да го намали холестеролот, супстанција која се таложи во артериите и која може да доведе до коронарни артериски болести и срцеви заболувања.

Го намалува ризикот од канцер

Полифенолите, вид антиоксиданти ги има во изобилство во овој зеленчук.

Полифенолите му помагаат на телото да се бори против воспаленија кои можат да предизвикаат канцер и спречуваат размножување и раст на клетките канцер.

Неколку студии покажале дека артичоката и екстрактот од лист од артичока можат да спречат:

- канцер на дојка;
- канцер на дебело црево;
- леукемија;
- канцер на црниот дроб;
- канцер на простата.


Спречува стареење на мозокот

Нутриционистите и специјалистите за здрава храна велат дека овој зеленчук треба да се јаде после 60-тата година.

Покрај тоа што го намалува холестеролот, го забавува стареењето на мозокот, односно ги чува когнитивните способности.

„Тоа е така поради фосфорот којшто помага во спречување на оштетување на мозочните клетки и ги поттикнува функциите на мозокот“, вели д-р Санте.