Грција е апсолутен шампион на европскиот туризам во 2023 година, а нејзините острови бележат рекордни бројки на ноќевања во однос на бројот на жители.
Грчките острови на југот од Егејското Море станаа апсолутен хит на европскиот туризам во 2023 година. На секој жител се забележани дури 117 туристички ноќевања. Според најновиот извештај на германскиот завод за статистика "Destatis", ова е највисока стапка во целата Европска Унија.
Во регионот Јужен Егејски архипелаг, кој ги вклучува Миконос и Родос, во 2023 година се евидентирани 117 туристички ноќевања по жител.
На второто место во ЕУ се наоѓа уште еден грчки регион — Јонските Острови, меѓу кои се Крф и Итака. На овој архипелаг минатата година се регистрирани 98 туристички ноќевања по жител.
Туристите "се слеваат" и во италијанскиот Тирол
Високо на листата на германскиот статистички завод се најде и италијанскиот регион Јужен Тирол (68 ноќевања по жител), потоа хрватскиот Јадран (67), како и шпанските Балеарски Острови (57).
Во Германија, најмногу туристички ноќевања по жител во 2023 година се забележани во покраината Мекленбург – Западна Померанија.
Најпопуларна дестинација според апсолутни бројки – Канарски Острови
Ако се гледаат апсолутните бројки (вкупниот број ноќевања), најпопуларна туристичка дестинација во Европа во 2023 година биле шпанските Канарски Острови со 95,6 милиони резервации на ноќевања. Следуваат хрватскиот Јадран со 87,3 милиони и Каталонија со 85,6 милиони ноќевања.