[ФОТО] Покрај карпи во кои се верува дека живееле диносауруси, направиле вила која изгледа нереално убаво – погледот од прозорец враќа во праисторијата

Точка

11/07/2025

11:18

987

Големина на фонт

а а а

Во малото гратче Ларкспур во американската сојузна држава Колорадо, на пазарот се појавила единствена недвижнина позната како куќа на семејството Кременко која како директно да доаѓа од праисторискиот период.

Сместена меѓу древните црвени карпи високи 14 метри, за кои се верува дека некогаш биле дом на диносаурусите, куќата совршено се вклопува во амбиентот.

Изградена во 2000 година од црвени цигли, дизајнирана е така што бојата се одразува и облиците на природното опкружување се неверојатни и оставаат впечаток како куќата да „никнува“ од самиот пејзаж.


Куќата се протега на четири ката и зазема површина од 226 метри квадратни.

На првиот кат се наоѓа ходникот и помошната просторија, додека пак на вториот сместена е главната спална соба, бањата и работната соба.

Третиот кат нуди комплетно опремена кујна, дневна соба, трпезарија и излез на терасата од која има неверојатен поглед кон планините и долината.

На четвртиот кат се наоѓа друга спална соба, уште една работна соба, дополнителен тоалет.


Меѓутоа, она што оваа куќа ја издвојува не е само необичната архитектура. Според зборовите на агентот за продажба Филип Бугира, куќата е многу повеќе од место за живеење, таа е искуство.

Во понудата вклучена е и патека за шетање низ карпите, приватно џакузи и просторија за седење со осветлен амбиент, што дополнително придонесува во впечатокот дека таму не се живее туку се сонува.


Доколку сте во потрага по дом во којшто покрај него живееле диносауруси, кој е комбинација на дизајн инспириран од природата, удобност и ретка локација, тогаш бидете подготвени да издвоите милион долари.