[ВИДЕО] Се огласи Србинката чиј татко го вивнал Бред Пит во ѕвездите: Пејачката се играла со него во Белград, сега ги открива деталите

Точка

11/07/2025

20:00

608

Големина на фонт

а а а

Познатиот холивудски заводник Бред Пит денас има 61 година и зад себе има бројни улоги кои го вивнаа во самиот врв на актерскиот свет.

Сепак, бројни детали од почетокот на неговата кариера се раскажуваат до ден-денес, а на многумина сè уште им се непознати.

Пресвртот во неговата кариера се случил во 1988 година, кога познатиот српски кинематографер и режисер Божидар Бота Николиќ го ангажирал за филмот „Темната страна на сонцето“. Ова била првата голема улога за Бред, каде што играл рамо до рамо со легенди на српската кинематографија како што се Милена Дравиќ и Соња Савиќ.


Божидар Бота Николиќ, добитник на престижни награди за неговиот придонес во српската кинематографија, го открил Бред Пит и му помогнал да ги отвори вратите на Холивуд, давајќи му можност која му го променила животот.

Сега неговата ќерка, пејачката Јована Николиќ, гостувајќи во една емисија, открила бројни детали и како изгледало запознавањето со славниот холивудски шмекер.


„Имав можеби осум или девет години кога го запознав. Бев мала, но го паметам. Се сеќавам дека татко ми, во последните години од неговиот живот, постојано велеше: „Снимив толку многу филмови, добив силни награди, а секогаш ќе ме паметат по тоа што го пронајдов Бред Пит“, истакнала Јована и открила кога Бред последен пат се видел со нејзиниот татко.

„Последниот пат кога се видоа беше во Будимпешта кога Анџелина режираше некој филм. Тој ми рече дека таа (Анџелина) е најмилата личност што ја сретнал. Го прегрнувала и го бакнувала како да се познаваат сто години, а остава впечаток на ладна и недостапна жена. Бред ми беше интересен затоа што беше странец“, рекла Јована во емисијата на К1, меѓу другото.

Да потсетиме, споменатиот филм е создаден како копродукција на СФРЈ, САД и Канада, а сценариото го напишаа Ендру Хортон и Жељко Мијановиќ врз основа на приказната за Никола Јовановиќ.


„Јас го открив Бред Пит. Бев во „Метро Голдвин Мајер“, и од 400 актери кои беа на кастинг за овој филм, го избрав него. Во потесниот избор имаше тројца актери и тогаш немав дилема дали ќе му ја дадам улогата. Кога му соопштив дека е избран, Пит истрча на тревникот и почна да скока од радост и да прави кругови“, се присетил познатиот режисер во интервју за „Прес“.

„Поради избувнувањето на војната во Југославија во тоа време, „Темната страна на сонцето“, за жал, никогаш не беше прикажан овде, а својата американска премиера ја имаше дури во 1997 година. Всушност, Американците ми го украдоа тој филм, бидејќи јас сум негов ко-сопственик и никогаш не ми дадоа ниту еден динар. Но, денес можам да кажам дека не жалам за речиси ништо во мојата кариера“, изјавил тој своевремено, пишува српски „Мондо“.