[ФОТО] Сите знаат за најлошиот ресторан на Медитеранот, но секогаш му се враќаат: „За една риба платив 350 евра! “

Точка

12/07/2025

15:31

1.163

Големина на фонт

а а а

Туристка, која ја посетила популарната туристичка дестинација Миконос во Грција, проговори откако му била врачена неверојатна сметка од 1.000 евра во контроверзен ресторан на плажа, вклучувајќи и неверојатни 350 евра за едно парче риба.

Контроверзниот ресторан „ДК Ојстер“, сместен на живописната плажа Платис Џалос, се претставува како „ексклузивна дестинација“, но секоја година им ја „крева косата“ на одреден број гости со своите превисоки цени. Така, бројот на негативни критики на интернет само расте од година во година, а многумина се пожалија дека посетата на тој ресторан ги чинело многу.

Една гостинка, која на „ТрипАдвајзор“ се претстави само како Џесика Л., го сподели своето искуство, нарекувајќи ја својата посета – „најлошото искуство на Миконос“.


Во нејзината остра рецензија, таа му даде на ресторанот само една ѕвезда и се пожали дека платила повеќе од 1.000 евра за три јадења.

„Ова место е прескапо. Плативме 350 евра за една риба и 1000 евра за три јадења вкупно. Најлошо искуство на Миконос. Дури и во ‘Скорпиос’, кое е едно од најдобрите места, не плативме толку многу за вечера за пет лица со предјадење, главно јадење и десерт“, напиша таа во својата рецензија.


Иако ресторанот наведува цени во менито, гостите тврдат дека вистинската цена не им се открива сè додека не ја добијат сметката, а некои тврдат дека рибата се наплаќа по грам без претходна најава.

Други корисници на „ТрипАдвајзор“ го споделија незадоволството на Џесика, а многумина го нарекоа ресторанот „целосна измама“.

„Еден член на персоналот ни донесе дополнителен пијалок, кој не го нарачавме, како ‘подарок’ за нашата група од четири лица. На почетокот изгледаше како пријателски гест… Сè додека истиот пијалок не се појави како една од ставките на сметката“, напиша посетителка по име Сју во својата рецензија. Таа исто така рече дека морала да плати 400 евра за неколку алкохолни и безалкохолни пијалоци, вклучувајќи и Кока-Кола од 35 евра.

Трета гостинка, Амрита, која го посетила озлогласениот ресторан во јуни 2024 година, тврди дека ресторанот ја „намамил“ со бесплатни лежалки, а потоа ѝ дал мени од кое нарачала риба.

„Никогаш не ми објаснија дека рибата се наплаќа според тежината на целата риба. Дознавме за тоа дури кога ни донесоа сметка од 400 евра, бидејќи рибата што ја сервирале беше над еден килограм“, напиша Амрита во својата рецензија.

Eating makes you happy at DK Oyster Mykonos!

↝ dkoyster.com/

#Restaurant

#dkoystermykonos

Posted by DK Oyster Mykonos on Friday 3 September 2021

„Тие ве убедуваат да нарачате пиво што чини 35 евра. И брзо доаѓаат со сметката за да можете веднаш да платите и да си заминете“, напиша Габриела.

„Ручек и лежалки 35 евра. Но, кога додадовме две шишиња вода и диетална Кока-Кола, ни наплатија дополнителни 51 евро. Потоа додадоа пет евра за кечап и уште 18 евра за мали помфрити“, пишуваше во еден коментар, во кој авторот ги повикува другите да „го избегнуваат овој ресторан по секоја цена“.