[ВИДЕО] Полјаци објавиле снимка од Хрватска која предизвика бурни реакции: Погледнете за што се жалат

Точка

11/07/2025

21:55

2.890

Големина на фонт

а а а

Една снимка објавена на ТикТок предизвика бран коментари од други туристи од Полска кои споделија слични искуства од нивното летување на хрватскиот брег.

Имено на социјалната мрежа ТикТок се појави кратко, но впечатливо видео од полски турист кој престојувал во Подгора, место во близина на Тучепи. Во видеото кое трае само пет секунди, авторот ги прикажува бројните и стрмни скали што водат од апартманот до плажата, а во описот иронично напиша: „Три минути до плажа, но во Хрватска сте“, алудирајќи на фактот дека враќањето до сместувањето трае значително подолго – и е понапорно.


Видеото предизвика бран коментари од други полски туристи кои споделија слични искуства од нивниот летен одмор на хрватскиот брег. „Имав стан на рид, ми требаше половина час за да стигнам до плажа“, напиша еден корисник. „Кога бев на море, морав да се искачам по 300 скали за да стигнам до плажа“, додаде друг. Некои истакнаа и практични проблеми: „Најлошото нешто е носењето лежалки и торби“, додека други беа вознемирени од самата конфигурација на местото: „Најлошото нешто е што улиците се тесни и едвај се дише, толку е задушливо“.