Страдате од мигрена? Овој бизарен трик би можел да ви помогне

Точка

11/07/2025

18:56

408

Големина на фонт

а а а

Повеќе од милијарда луѓе ширум светот страдаат од мигрена, а бидејќи сè уште не е познато што точно што ја предизвикува, нејзиното ублажување може да биде тешко. Корисничката на ТикТок, Тили Вокер, сподели еден малку бизарен трик што ѝ помага да успее во тоа.

Имено, таа објави снимка на која лежи во кревет со шише ледена вода на челото.

„Како спијам бидејќи ниеден лек не ми помага кога имам мигрена, но балансирање на шише со вода на глава ја запира болката“, напиша таа и истото им го препорачува на сите затоа што ѝ го сменило животот.


Иако овој трик изгледа чудно, експертите велат дека навистина може да помогне. Неврологот Ноа Розен изјави за „Њујорк пост“ дека притисокот врз челото се практикува со векови за ублажување на болката – од поставување камења до врзување шал околу главата. Силен стимул потиснува друг, како триење околу исеченица од хартија.

„Постојат дури и уреди како што е фластерот Неривио, кој користи стимул на раката за ублажување на главоболките“, додаде таа, аТили истакна дека шишето мора да биде полно за трикот да биде успешен.


Иако многумина се сомневаа во ефикасноста на овој метод, многу корисници коментираа дека успеале да ги ублажат мигрените.

„Бев скептична. Многу ми е мило што ова функционираше“, „Мислев дека сум единствената што го практикува ова“, „Ти благодарам што ме спаси“, дел некои од коментарите.