[ФОТО] Најсреќните градови на светот на 2025 година: Граѓаните одлучуваат и никој никогаш нема проблем со пари

Точка

14/07/2025

12:21

1.014

Големина на фонт

а а а

Пријателите, семејството и чувството на заедница придонесуваат за среќа, но и опкружувањето во кое живееме има големо влијание на нашата благосостојба.

Што всушност го прави еден град среќен? Институтот за квалитет на живот составил индекс на среќни градови за 2025 година следејќи 82 индикатори во категории како што се граѓаните, управата, животната средина, економија, здравјето и мобилноста.

1. Копенхаген, Данска


Данска често ги зазема врвовите на листите на среќа, па Копенхаген ја заслужил највисоката оцена. Исклучително е јак во областите животна средина и економија, со многу зелени површини, одржливости и иновација. Жителите уживаат во богат културен живот и бесплатни настани, како и безбеден и практичен јавен превоз и велосипедски патеки.

2. Цирих, Швајцарија


Втор град по ред е Цирих, тој е со одлични оценки во областа на граѓаните и управувањето каде граѓаните активно учествуваат во носењето одлуки, а градот е познат по организацијата и безбедноста. За семејствата е идеален затоа што е исклучително чист, со безбеден јавен превоз и сигурно опкружување за деца.

3. Сингапур


Сингапур се истакнува со здравјето и добрата инфраструктура. Градот има одлична политика на јавното живеење и поддржува финансиска безбедност на граѓаните. Комбинира деловни прилики со зелени простори и мултикултурност, па може да уживате во работата и опуштање во локалните специјалитети.

4. Архус, Данска


Вториот по големина дански град е познат како „најмалиот голем град на светот“, каде градската погодност кореспондира со чувството за мала заедница. Градот вложува во велосипедски патеки, зелени површини и одржливост, а здравствените и образовни услуги се достапни и квалитетни.

Луѓето меѓусебно се почитуваат и веруваат, а градот дише во ритамот на топлината и опуштеноста.

5. Антверпен, Белгија


Антверпен во однос на Брисел покажал подобри резултати во градската партиципација, управување и заштита на средината.

Градот е познат по ефикасниот јавен превоз, сигурни велосипедски патеки и компактна величина. Културата, поддршката на семејството и грижата за зелените површини го прават пријатно место за живеење.

Топ 10 најсреќни градови во светот:

1. Копенхаген;
2. Цирих;
3. Сингапур;
4. Архус;
5. Антверпен;
6. Сеул;
7. Стокхолм;
8. Тајпеј;
9. Минхен;
10. Ротердам.